free web creator

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето ќе биде отворено на 27 мај 2020 (среда) во 12 часот на пладне. При процесот на пријавувањето треба да го одберете вашето време на старт во периодот од 06:30:00 до 09:30:00. Откога ќе го одберете вашето време тоа ќе биде веќе недостапно за другите натпреварувачи, доколку процесот на плаќање го извршите во рок од 30 минути, доколку не го сторите тоа, после 30 минути тоа време станува достапно за другите натпреварувачи. 
Бројот на натпреварувачи е ограничен на 360. Пријавувањето се затвара кога ќе се пополнат сите предвидени места за учество, 360.

Пријавувањето се врши преку нашиот партнер за пријавување www.smartrace.club , при што е задолжително да креирате свој профил пред да се пријавите, доколку немате веќе претходно креирано профил. Плаќањето е возможно само оналјн.

Важно: после завршувањето на процесот на пријавувањето (доделување на стартен број и стартно време) нема да биде возможно промена на стартното време.

HALKECO ХРОНОМЕТАР 10КМ

Котизација за учество на трката е 650 денари

Содржина на стартен пакет:

  • Стартен број со чип (за пријави до 2 јуни, името ќе биде испечатено на стартниот број)
  • Медал за завршена трка
  • Освежување
  • Онлајн диплома
  • Бесплатни фотографии од трката (Pic2Go)
  • Заштитна маска за лице
  • Дигитален стартен пакет
  • Осигурување од несреќен случај за време на траење на трката