how to create a website for free

ИНФОРМАЦИИ

Прочитајте ги сите информации поврзани со трката

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб “Работнички“ од Скопје, на 20 Јуни 2020 (сабота) ќе се одржи првата HalkEco Хронометар атлетска трка на 10 км.

Заради состојбите со Корона вирусот оваа трка ќе ги почитува препораките од Владата и протоколите од Комисијата за заразни болести.

Долж патеката ќе има освежување и медицински екипи на велосипед, а на целта ќе има и амбулантно возило. Во зоната на старт/цел, под мостот “Гоце Делчев“, ќе бидат поставени мобилни тоалети и мобилни чешми, и средства за дезинфекција на раце. Сите лица кои ќе бидат вклучени во организацијата ќе носат заштитни маски и ќе ги почитуваат мерките за држење дистанца, а ќе биде организирана и редарска служба.

Ќе има озвучување за читање на стартна листа и редоследот на влегување во бокс. Публика нема да има, групирање на натпреварувачите пред и после трката нема да биде дозволено. Резултатите и следење на учесниците ќе може да се видат во живо преку нашата веб страна и социјалните мрежи. Секој натпреварувач на својот стартен број ќе има баркод (Pic2Go) за полесно наоѓање и добивање на своите фотографии од трката, кои автоматски ќе се споделат на нивните Facebook профили со претходно пријавување на одреден линк. Носење на заштитна маска за лице е задолжително, освен кога натпреварувачот ќе ја трча трката.

  • ДАТУМ - 20 јуни 2020 (сабота)
  • МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ И ПАТЕКА - Стартот и целта се на кејот на Вардар (под мостот “Гоце Делчев“). Се трча во правец на Каппрош 4 и назад. 
  • МАПА НА ТРКАТА - кликни тука за да ја видиш мапата
  • МАПА ЗА ЗОНАТА НА СТАРТ / ЦЕЛ - кликни тука за да ја видиш мапата
  • ПРИЈАВУВАЊЕ - Пријавувањето започнува на 27 мај 2020, и ќе трае до пополнување на предвидениот број на учесници, 360. За пријави до 2 јуни, името на натпреварувачот ќе биде испечатено на стартниот број.
  • СТАРТ - Индивидуално, секој стартува според времето кое го одбрал при процесот на пријавување. Првиот натпреварувач стартува во 06:30:00, последниот во 09:30:00. Временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач е 30 секунди.
  • СТАРТНИ БРОЕВИ - Стартните броеви ќе се доставуваат преку курирска служба. Доставувањето на стартните броеви ќе се врши во периодот од 8 до 11 јуни.  Доколку на профилот на www.smartrace.club немате оставено податоци за поштенска адреса, ќе бидете контактирани од страна на организаторот за доставување на истите.
  • НАГРАДИ - Првите 5 места според чип време во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени.
    1 место - 10.000 ден.
    2 место - 8.000 ден.
    3 место - 6.000 ден.
    4 место - 5.000 ден.
    5 место - 4.000 ден.
    6 место - 3.000 ден.
    7 место - 2.000 ден.
  • ФОТОГРАФИИ ОД ТРКАТА - Доколку сакате да ги добиете вашите фотографии од трката, се што треба е да ја активирате апликацијата на PIc2Go Macedonia. Како да го сторите тоа ќе дознаете доколку кликнете тука