web page building software

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРКАТА

Пред да се пријавите за трката прочитајте ги условите за учество кои се составен дел од вашата пријава за трката


Следната изјава е составен дел од вашата регистрација за учество нa ХРОНОМЕТАР 10КМ која ќе се одржи на 20 јуни 2020 :
"Со поднесување на оваа моја апликација и пријава за трката ХРОНОМЕТАР 10КМ,
Изјавувам дека сум психо-физички способен/способна за оваа трка и организаторите не сносат никаква одговорност за моите физички или материјални штети доколку настанат за време на одржување на ХРОНОМЕТАР 10КМ. Се обврзувам дека ќе ги почитувам сите правила што се наведени на веб страната на организаторот, и дека пред и после трката ќе носам заштитна маска за лице. Лекарскaтa екипa има право да ме отстрани од стартот на трката доколку констатира зголемена телесна температура и опасност по моето здравје и здравјето на другите присутни лица. Потврдувам дека сум информиран/информирана дека на организаторот на оваа трка му припаѓаат сите права за промотивно користење на моето име, глас, фотографија или видео запис, вклучувајќи ги сите видови на рекламирање, на радио, ТВ и интернет, како и за други рекламни потребни на организаторот.
Потврдувам дека сите мои информации во пријавата се точни. После регистрацијата, нема да имам право на рефундирање на уплатените средства, и промена на стартното време.
Организаторот си остава за право да ги промени правилата на трката и фондот на награди доколку тоа го наметнуваат условите."
За да се осигура вашата заштита на приватност вашите податоци се зачувани во електронска форма.