web creation software

Протокол за одвивање на трката

Протоколот мора да го почитуваат сите учесници во трката

Пријавување и временски интервал

Пријавувањето и плаќањето на котизацијата ќе биде само онлајн преку www.smartrace.club
Пријавувањето ќе се затвори кога ќе се пополни предвидениот број на учесници. При процесот на пријавување секој учесник го одбира своето посакувано време на старт, во временскиот интервал од 6:30:00 до 9:30:00.

Број на учесници и место на одржување

Трката ќе има ограничен број на учесници, 360, учесниците ќе стартуваат еден по еден со временска дистанца од 30 секунди.
Стартот на трката ќе биде под мостот “Гоце Делчев“ на кеј на Вардар, се трча до вливот на реката Лепенец во Вардар, таму се врти полукружно и тркачот се враќа назад на целта под мостот “Гоце Делчев“ (види мапа). Должината на патеката е измерена од овластено лице и има сертификат од АФМ и изнесува 10 км. Напомена: заради поединечни стартови, доколку се постигне национален рекорд истито нема да биде верификуван од страна на АФМ.

Стартен број

Заради намалување на контактите на денот на трката, стартниот број на секој натпреварувач ќе му биде доставен на неговата поштенска адреса. Доколку во неговиот профил на www.smartrace.club нема оставено таков податок, од организаторите ќе биде контактиран преку електронска порака за доставување на овие информации. Доставувањето на стартните броеви ќе се врши во периодот од 8 до 11 јуни. На денот на трката доаѓате со својот стартен број. Стартниот број мора да биде видлив за време на трката, заради полесно препознавање на вашите фотографии преку апликацијата Pic2Go. На задната страна на стартниот број се наоѓа чипот за мерење на време, ве молиме да не го превиткувате или одлепувате бидејќи на тој начин ќе предизвикате оштетување на истиот и вашето време нема да може да биде регистрирано. Оние кои од било кои причини ќе се појават на трката без стартен број (а се пријавени за трката), нема да им биде дозволено да ја стартуваат трката.

Доаѓање на трка

Секој натпреварувач доаѓа во зоната на стартот (под мостот Гоце Делчев), најрано 10 минути, или најдоцна 5 минути пред својот старт кој ќе биде објавен во стартната листа на веб страната. Секој натпреварувач треба да дојде спремен за трка, облечен во спортска опрема, со поставен стартен број на градите и со заштитна маска на своето лице (препорачливо е да е за една употреба, после трката добива нова заштитна маска). Исто така мора и да одржува физичка дистанца од 2 метри од сите присутни во зоната на стартот. Оставање на лични работи од здравствени причини нема да биде дозволено.

Зона на старт

Ќе бидат поставени 4 бокса пред зоната на стартот на трката. Преку разглас со име и презиме и стартен број се повикува натпреварувачот да влезе во првиот бокс каде што се прави термален скрининг и доколку се утврди покачена температура на натпреварувачот нема да му се дозволи да стартува и ќе биде замолен да ја напушти трката. Потоа се прави дезинфекција на раце, па потоа како што се ослободува секој бокс така и натпреварувачот го следи редот и влегува во следниот. Кога ќе стигне во 3-от бокс ја одстранува заштитната маска од неговото лице и ја фрла во корпа за отпадоци наменета за тоа. Кога ќе стигне во 4-от бокс, чека знак од официјалните лица кога може да ја стартува трката. Секој бокс ќе биде со димензии 3 х 3 метри, и во секој бокс ќе може да има во исто време само еден натпреварувач. Временскиот интервал помеѓу старт на секој натпреварувач е 30 секунди. Кликни тука за да ја видиш мапата на старт/цел.

За време на трката

Откако ќе ја стартува трката натпреварувачот ја следи асфалтната патека и инструкциите од официјалните лица. На секој километар ќе има поставено ознака за КМ и контролна точка за мерење на време, а на 5-от километар (ќе биде означено со видливи знаци) ќе треба да направи полукружно свртување и да истрча назад до целта.
На 2 позиции на патеката ќе има и лекарски екипи, а станици за вода ќе има 3, 5 и 7 километар. За време на трчањето дозволено е претекнување од други тркачи, но ве молиме да внимавате на сите учесници во трката и на случајните минувачи.

Влегување во цел

При влегувањето во цел, тркачот сам си зема шише со вода кои ќе бидат поставени на маса, од следниот бокс сам си го зема заслужениот медал кој ќе биде поставен на маса, ги дезифинцира рацете и добива заштитна маска која треба да ја постави на своето лице, и ја напушта зоната на целта и си заминува дома. Доколку му е потребна медицинска помош при влез во целта натпреварувачот треба да подигне рака или да повика за помош. Лекарските екипи кои ќе бидат на целта ќе му ја пружат потребната помош.

Резултати и награди

Резултатите на сите натпреварувачи и ранг листата ќе можат да се следат во живо на нашата веб страна и на www.tagtiming.mk
Церемонија на прогласување на победниците нема да се одржи. Победниците ќе бидат прогласени онлајн, со фотографии од трката. Најдобрите 5 во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени, ќе бидат контактирани од организаторите за доставување на нивните банкарски податоци.

Важни информации

Секој натпреварувач се замолува да ги почитува правилата и протоколот на трката, како и сите важечки прописи донесени од надлежните институции во Р.С.Македонија.
Доколку натпреварувачот не се придржува до правилата и протоколот ќе биде замолен од нашата редарска служба да го напушти местото на одржување на трката. Оној натпреварувач кој нема да се појави на време на својот старт, ќе стартува после 9 часот и 30 минути.
Публика и групирање пред и после трката нема да бидат дозволени.